Дијалог, а не конфронтација со Трамп, бара мексиканскиот претседател

93
ФОТО: EPA / JOSE MENDEZ

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор повика на дијалог после најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за мексикански стоки со кои сака да изврши притисок врз латино – американската земја да вложи повеќе напори за да ја спречи илегалната миграција кон САД .

Во писмо упатено до неговиот американски колега, Обрадор вели дека бара дијалог, а не конфронтација со неговиот северен сосед, објаснувајќи дека социјалните прашања поради кои се иселуваат мигрантите во САД „не можат да се решат со царини или принудни мерки“.

– И ве молам, запомнете дека не ми недостасува храброст, дека не се однесувам кукавички, ниту се плашам, туку дејствувам според принципи. Ништо со сила, се со причина и според закон – истакна мексиканскиот претседател.

ФОТО: EPA / JOSE MENDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...