Левата коловозна лента од на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу Башино село и Штипска клучка од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.
Како што информира АМСМ, затворањето на лентата е поради изведување градежни активности на овој патен правец. На самото место ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.