Оставката на Героски е лош сигнал

Тој што дава од себе повеќе од тоа што општеството или бизнисот го бараат, тој што знае да ги вреднува повеќето страни на приказната, трага по целовитост и има отвореност за различности, кога тогаш, останува сам.

2834

Голема грешка е оваа граѓанска, бизнис, медиумска наива дека сме достигнале ниво на демократичност каде работите сами ќе се одвиваат најдобро што може, па слободно можеме да дигнеме раце од критиката и малкумината кои ја практикуваат, кои создаваа простор за истата, принципиелно го бранеа слободниот говор и информираноста.

Оставката на Героски е лош сигнал, не толку на недемократичност, колку на новоизрасната лигавост, некарактерност, немање меморија и атрибути, критички да се соочиме со мааните и недостатоците на оваа власт, умрена на сите да им се допадне.

Се потврдува по којзнае кој пат, и на сите еден ден ќе им се удри од грбот, биле доблесни или не: тој што дава од себе повеќе од тоа што општеството или бизнисот го бараат, тој што знае да ги вреднува повеќето страни на приказната, трага по целовитост и има отвореност за различности, кога тогаш, останува сам.

Поточно, сите остануваме сами, прашање е само со каква позадина и со каков образ.

На шеесет и нештоте советници на премиерот, на целата Влада и на нивните сомнителни медиуми, на општата заљубеност, лигавост и откажаноста од критиката и мозок на социјалните мрежи, преку Слободен секојдневно имавте, на едно место, собрани неколку луѓе со поинаков став, нешто да ве дрмне и освести понекогаш.

Сега ќе го немате тоа повеќе, ќе мора да ја држите таа лажна насмевка и подолго од што треба, додека не прерасне во гримаса, па во тик, па во намрштеност, во болка во тилот, дека некоја слобода на мислата повторно е изгубена.

(ФБ статус на авторот)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...