Две тинејџерки завршиле на Токсикологија откако испиле „екстази“ на училишна екскурзија

790

Две четиринаесетгодишни ученички од основно училиште од Скопје, вчера биле донесени на Клиниката за токсикологија.

„По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во село Дељбиле скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош. Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно „екстази“, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...