Слободан Богоевски ги победи Ахмети и Џафери на суд

3612

Апелациониот суд Скопје ги одби тужбите на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери за клевета против Слободан Богоевски, поранешен разузнавач, кој пред американскиот суд сведочеше дека тие се двајца од тројцата високи функционери кои зеле мито по два и пол милиони евра секој од нив, за да се одложи воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар.

Во пресудата која денеска беше јавно објавена во Апелацискиот суд пишува дека тужителите Ахмети и Џафери немаат право на отштета.

Советот на судии кои одбија да ги кажат своите имиња, одлучува по вторпат по жалба на тужениот Богоевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...