Димовски му се чуди на Заев како црното го прави бело

717

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања забележувајќи му на премиерот Зоран Заев колку лесно сака „од црното да направи бело“, го потсети дека народниот правобранител, Иџет Мемет во собраниската сала кажал неверојатен подток дека жалбите на граѓаните од правосудството се зголемени дури за 90 отсто во споредба со претходните години.

– Институцијата народен правобранител на оваа говорница кажа дека за 90 проценти се зголемени жалбите на граѓаните од правосудството во Република Македонија во минатата година во споредба со претходно. Народниот правобранител од оваа говорница кажа дека Управниот суд на Република Македонија, работи исклучиво во корист на извршната власт, а не во корист на граѓаните на Република Македонија. Народниот правобранител, а не Илија Димовски кажа дека во последните две години, дискриминацијата по однос на партиска припадност и по однос на национална припадност е драстично зголемена – рече Димовски.

Тој потсети дека Мемети е тој кој што во својот извештај констатирал дека  градоначалниците избрани на последните локални избори како и директорите на училиштата вршат дискриминација по партиска основа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...