Џулијан Асанж беше премногу болен за да се појави на судското сослушување во Лондон, тврди неговиот адвокат, пренесува „Би-Би-Си“.
Четириесет и седумгодишниот основач на Викиликс се бори против тоа да биде екстрадиран во САД поради обвиненија поврзани со протекување на тајни на американската влада.
Тој требаше да се појави на сослушувањето со видео линк од затворот Белмарш, но неговиот адвокат Герет Пирс тврди дека тој „не е добро“.
Според Викиликс, Асанж е преместен во медицинското одделение во затворот.
– За седумте недели во Белмарш неговата здравствена состојба продолжи да се влошува и тој драстично изгуби тежина – рече портпаролот.
Адвокатот за одбрана на Асанж, Пер Самуелсон, рече дека здравствената состојба на Асанж минатиот петок била таква „што било невозможно да се води нормален разговор со него“.
ФОТО: EPA / STRINGER