Најмалку шест лица загинаа, а шест други се ранети денеска, при самоубиствен бомбашки напад на Воената академија во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан.
Во соопштението се посочува дека група војници го забележале сомнителното однесување на бомбашот самоубиец пред зградата на воената академија „Машал Фахим“ во западниот дел на Кабул, и кога му пристапиле тој го активирал експлозивот што го носел на себе.
Нападот бил извршен во време кога од Академијата излегувале поголема група питомци.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Во минатото најчесто одговорност за нападите во Кабул преземаа талибанските бунтовници или џихадистичката група Исламска држава.