Премиерот Зоран Заев денеска на седница за пратенички прашања рече дека не знаел колкава плата зема неговиот советник Љупчо Зафировски, задолжен да ја олеснува комуникацијата со Франција.
Пратеникот Антонио Милошоски кој побара отчет за работата на двајца советници, објави дека Зафировски зема плата од 75.000 евра, а советникот Александар Ружин 50.000 денари.
Заев образложи дека високиот месечен надомест на Зафировски е поради тоа што овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.