Пратеникот во Хрватскиот сабор од редовите на партијата Жив ѕид, Иван Пернар денеска осум и пол минути стоеше и молчеше на собраниската говорница, откако беше предупреден дека може да дискутира само за темата што е на дневниот ред за расправа.
Имено, Пернар наместо за договорот меѓу Хрватска и ЦЕРН, кој беше на дневниот ред на собраниската седница, почна да говори за резултатите од неделните избори за членови на Европскиот парламент, оценувајќи дека тие го довеле во прашање легитимитетот на актуелната Влада и побра одржување на предвремени парламентарни избори.
Претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ го предупреди дека согласно собранискиот Деловник за работа, мора да говори само за темата што е на дневен ред, на што Пернар возврати дека ако не му биде дозволено да зборува, тогаш ќе стои на говорницата и ќе молчи.
Пернар и порано правеше инциденти во Саборот, меѓу другото и со самоволно излегување на говорницата, а во неколку наврати од собраниската сала беше изнесуван од страна на припадниците на обезбедувањето на Саборот.
ФОТО: МИА