Меѓу жрвите на судирот на бродови во Будимпешта е и едно семејство составено од дедо, баба, нивните две ќерки и шестгодишната внука. Иако тие се сметаат за исчезнати, спасителите велат дека шансите дека ќе бидат пронајдени живи се помали.
Како што пишуваат јужнокорејските медиуми, едната ќерка имала 38 години и била козметичарка која со ова патување сакала да им се заблагодари на родителите што ја чуваат нејзината ќерка. На патувањето требало да биде и нејзиниот сопруг, но поради работа не можел да ги придружува.
Семејството живеело во трикатница, а на еден од катовите бил козметичкиот салон. Тој денеска бил затворен.
Според податоците на туристичката агенција која е организатор, на бродот биле и брат и сестра. Братот исчезнал, а сестрата е спасена. Се работи за 28-годишничка која за првпат излегла надвор од Јужна Кореја.
Меѓу патниците биле и три пензионирани работници во корејското Министерство за внатрешни работи. Според досегашните податоци, еден од нив е спасен.
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин