Најмалото бебе на светот излезе од болница, тежеше само 245 грама

Со соопштението на болницата се наведува дека Сејби сега е „весело бебе со тежина од околу 2,5 килограми, со добро здравје“.

339

Бебето Сејби, за кое се верува дека е најмалото на светот, е отпуштено овој месец од болницата во Калифорнија, по пет месеци поминати на одделението за интензивна нега, соопштила медицинската установа во Сан Диего.

Сејби на раѓањето имала само 245 грама.

Со соопштението на болницата се наведува дека Сејби сега е „весело бебе со тежина од околу 2,5 килограми, со добро здравје“.

Сејби е родена во декември, во 24. недела од бременоста. Била толку мала така што можела да се смести во дланката на лекарот.
Според регистарот кој го води еден универзитет во американската држава Ајова, Сејби го урнала рекордот на најмалото новороденче.

Рекордот го држело бебето кое во Германија било родено во 2015 година, со седум грама повеќе од Сејби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...