Монструмот од Нови Сад им се заканил на децата: Запамтете, тато не беше тука

685
ФОТО: Курир.рс

Монструмот од Нови Сад, 37-годишниот Горан Јанковиќ, кој е осомничен дека ѕверски ги убил 32-годишната сопруга Мирјана и нејзините родители, по убиствата им се заканил на своите малолетни деца и со прстот им дофрлил „Запамтете, тато не беше тука“.

– На сослушувањето не беше многу зборлив. Делуваше смирено, како да се имаше помирено со судбината. Праша кратко како му се децата, но успеавме да извлечеме од него неколку важни работи. Кажа дека пиел цела ноќ во кафеана недалеку од неговата куќа, па рано наутро решил да отиде кај Мирјана и да го исфрли бесот – рекол соговорник за „Курир.рс“.

Тој додал дека со децата како клучни сведоци било разговарано од страна на стручњаци.

– Им се случи ужасна трагедија и тоа е голема траума за нив. Помалиот тоа го поднесе многу полошо, додека постариот беше вознемирен и исплашен. Долго молчеше и не сакавме да го малтретираме и да инсистираме на неговите изјави. Во еден момент, тој малку се ослободи и ни кажа дека татко му пред да замине им се заканил со зборовите „Запамтете, тато не беше тука“ – додал изворот.

Според првичните резултати на истрагата, Бранислав бил првата жртва, обидувајќи се да ги спаси ќерката, сопругата и внуците. По него Мирјана, па на крај Нада.

– Речиси е сигурно дека Јанковиќ направил сѐ со предумисла, а алкохолот го охрабрил во неговата намера. Сепак, не сме сигурни колку бил пијан. Околу пет часот наутро се вратил од кафеана, го спакувал ранецот со чисти работи кои можеле да потраат неколку дена, го земал чеканот и со возилото отишол до куќата на родителите на Мирјана. Почнал да вика и му се нафрлил на Бранислав, знаел дека тој е единствениот што може да го спречи во неговата намера. И бил во право. Едвај го совладал Бранислав, додека Мирјана се обидувала да го спречи, а Нада ги штитела децата. Затоа крвнички ја претепал Мирјана, а кога Нада несвесна дека нејзината ќерка и нејзиниот сопруг се мртви, му викнала „Ете, дали си сега задоволен, зете?“, ја замолчил со чеканот – рекол изворот.

Потрагата по Јанковиќ траеше три дена.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...