Светски познатата музичка ѕвезда Стинг го одложи за подоцна концертот на градскиот стадион во Скопје поради настапот на македонскиот првак Вардар во завршницата на ракометната Лига на шампиони.
Оваа информација синоќа ја сподели организаторот на овој настан.
„Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на Стинг покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното. Бидејќи постои шанса ракометниот клуб Вардар да игра во финалето на фајнл фор в недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Стинг ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот. На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стасаат навреме и на концерт, соопштија од „Авалон“.