Латино ѕвездата загина во авионска несреќa: Тргнал кај девојката на роденден ВИДЕО

Пејачот во понеделникот тргнал кај својата девојка Каролина Калхеиро на роденден.

5352

Латино ѕвездата Хозе Габриел де Соуза Диниз, попознат како Габриел Диниз, трагично настрадал во авионска несреќа.

Пејачот во понеделникот тргнал кај својата девојка Каролина Калхеиро за да го прослави нејзиниот роденден, а потоа авионот се урнал под и понатаму непознати околности.

Ден подоцна, неговите претставници ја потврдиле тажната вест.

Со многу болка ја потврдуваме смртта на Габриел Диниз и на екипажот на авионот“.

Пејачот имал 28 години. Огромната популарност ја стекнал со песната „Џенифер“ која брои над 235 милиони прегледи на Јутјуб. Исто така, издал три студиски албуми.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...