Специјалниот обвинител Робарт Малер на денешната прес конференција изјави дека заминува од Министерстото за правда и ја затвора канцеларијата за истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.
Тој објасни дека одлуката ја донел поради завршувањето на истрагата.
Решението го донесов самостојно, без ничие убедување, изјави Малер за својата оставка.
Тој коментираше дека извештајот од истрагата е „негово сведоштво“, и дека нема да сведочи во Конгресот.
Малер, исто така додаде и дека не бил надлежен да предјави обвинение за претседателот на САД, Доналд Трамп, за заговор со руските власти, бидејќи се носел со утврденото правило во Министерството за правда дека „актуелно избран претседател не може да биде обвинет“.
– Би било неправедно некој да биде обвинет за извршување на криминал без да се има судска одлука за предјавување на обвинение – прецизираше тој.
Малер укажа дека „ако во министерството имало увереност за тоа дека претседателот не извршил кривично дело, ние би кажале за тоа“.
Како што изјави, за него било нецелисходно да дава изјави за истрагата во Конгресот. За крај, додаде и дека тој нема повеќе да коментира за „руското дело“ и да одговара на прашања на новинарите.
Двегодишната истрага на Малер, заврши на 18 март годинава со објавување на извештајот, кој чинеше околу 35 милиони долари, и не најде докази дека кампањата на Трамп соработувала со Русија за влијание врз изборите во 2016 година во негова полза, но и не заклучи дека Трамп не ја попречувал правдата.
Трамп безброј пати досега ја окарактеризира истрагата како „фабрикувана“ и „лов на вештерки“.
Тензиите помеѓу демократите и републиканците во врска со попречување на правдата од страна на претседателот продолжуваат со барањата за обеледенување на цензузираните делови од извештајот. Некои од демократите бараат и покренување на постапка за импичмент на Трамп.
Јавниот правобранител Вилијам Бар неодамна побара истрага за тоа зошто била започната истрата на Малер за руската вмешаност и наводниот заговор со Русија.