МВР открило кој пушта „бомби“, а знае и Обвинителството и Фејсбук

3442

Министерството за внатрешни работи попладнево информира дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.

„Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“, се вели во известувањето од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...