Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (ФРА) го почна вториот круг истражување за лезбијки, геј, бисексуалци, трансродни, интерсекс и небинарни лица, со цел да помогне на ЛГБТИ заедницата слободно да живее и да се изразува, без дискриминација.
ЛГБТИ истражувањето се шрави по пат на онлајн прашалник и со помош на кој ќе бидат собрани искуства на лица постари од 15 години кои живеат во Европската унија, Северна Македонија или Србија.
Врз основа на резултатите од истражувањето, националните и европските носители на одлуки, како и невладините организации или цивилни здруженија, ќе бидат во можност подобро да ги препознаат своите стратегии и активности, и со тоа да помогнат во намалувањето на дискриминацијата за ЛГБТИ заедницата.
Одговорите ќе бидат обработени на начин што ја заштитува анонимноста на учесниците во истражувањето.