Тестот за татковство на Алберт Втори ќе биде строго доверлив

323

Поранешниот крал на Белгија, Алберт Втори (84) ќе мора да направи ДНК тест за да го побие тврдењето дека е татко на вонбрачно дете родено во шеесеттите години на минатиот век и со тоа да избегне парична казна од 5.000 евра дневно.

Монархот веќе десетина години одрекува дека е татко на белгиската уметница Делфин Боел (51). Претходно месецов, суд во Брисел одлучи дека Алберт Втори треба да направи ДНК тест, за да се утврди дали е родител на Боел и ако е, тој ќе треба да ѝ плаќа казна.

Резултатите од тестот за татковство ќе бидат строго доверливи до нова судска одлука, изјави адвокатот на поранешниот крал. Тие се очекуваат до крајот на годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...