Беквалац викендов ќе им пее на скопјани

326
БЕСПЛАТНА ФОТО ОД ЦЕНТРАЛ ПАРК ЗА НАЈАВА КОГА ЌЕ ПЕЕЛА ТАМУ НА 1-ВИ ЈУНИ 2019

Наташа Беквалац викендов со свој мини концерт ќе ја забавува македонската публика. Во летниот клуб Централ Парк во сабота новосадската барбика со целовечерен концерт пред одбрана публика ќе потсети зошто со години наназад е една од најбараните музички ѕвезди во регионот, се наведува во соопштението од Балканска музичка продукција.

Цената на влезниците е 300 денари и истите можат да се обезбедат на влезот на летниот клуб.

– Беквалац по семејната драма со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ, извесен период беше во медиумска илегала. По раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Катја, Наташа беше жртва на насилство од страна на нејзиниот тогашен сопруг Лазукиќ. По овој инцидент, кој што неколку недели беше на насловните страници во регионалните медиуми, Беквалац се повлече од јавноста. Ова е прв нејзин настап на македонска територија по семејната бура која што ја остави зад себе. Во Скопје доаѓа со целосно нова енергија и желба за летен спектакл. „Мала плава“, „Непријател“, „Оригинал“, „Најгора“…ова се само дел од хитовите со милионски прегледи на Youtube со кои што Наташа Белвалац и официјално ќе ја отвори најдобрата летна сезона на Централ Парк досега – стои во соопштението.

Од Централ Парк велат дека следуваат уште многу атрактивни имиња од српската но и од македонската естрада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...