Хрватските политичари жртви на кражба на идентитет

75

Неколку политичари од Хрватско Загорје станале жртви на кражба на идентитет, откако една компанија се послужила со нивните матични броеви и адреси, што биле објавени на листите за кандидатури и фиктивно покажала дека им исплатила пари.

Меѓу оштетените е и потпретседателот на Хрватскиот сабор, Синиша Хајдаш Дончиќ, пратеникот и градоначалник на Предграѓе, социјалдемократот  Марко Вешлигај и пратеникот на ХДЗ, Жарко Тушек.

Жртви на кражба на идентитет, освен политичари, се и некои јавни личности од Крапинско-загорската Жупанија или вкупно околу дваесет лица.

Името на компанијата, која ги користела личните податоци на политичарите од Загорје, сѐ уште не е познато, со оглед на тоа дека кривичната истрага е во тек. Само се знае дека нејзиното седиште е во Риека.

Според информации на хрватски медиуми, Хајдаш Дончиќ, Вешлигај и Тушек, наводно, продале старото железо како секундарен отпад.

За стари машини за перење, каросерии на стари автомобили и друго железо, според фалсификуваните фактури, добиле околу 2.000 куни (околу 270 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...