Македонската поп група „Ај кју“ лани ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ со песната „Lost and Found“ во Лисабон, Португалија.
„Ај кју“, за жал, не се истакнаа со својот перфоманс, но се истакнаа со стајлингот на пејачката Марија Ивановска, кој го оценија како најлош.
Нејзиниот изглед ја освои наградата „Барбара Декс“, која се доделува за најлошо облечениот претставник на Евросонгот.
Костимот која го носеше Марија е ставен на продажба на страницата „иБеј“ по цена од 5.000 долари плус 127 долари за достава.
FOTO: Printskrin/Instagram