Русин внел 4.788 пијавици во авион

91

Русинот Иполит Бодунов е казнет со скоро 10.000 евра, оти се обидел да прокриумчари 4.788 пијавици во рачен авионски багаж на лет од Русија до Канада.

Тој е уапсен кога при слетувањето, кучињата ја намирисале неговата торба. Потоа е утврдено дека внатре се наоѓаат пијавици од родот хирудо вербана, кои се користат за медицински цели, но и подлежат на регулатива со којашто се контролира трговијата со диви животни.

Бодунов е обвинет за незаконски извоз на пијавици и е казнет со парична казна од 15.000 канадски долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...