Лаптоп заразен со најопасните компјутерски висруси беше продаден на аукција во Њујорк за над 1,3 милиони долари. Информацијата за продажбата е објавена на кинеска интернет-страница, чиј сопственик, Гуо О Донг се смета себеси за „уметник со бројки“.
Тој тврди дека, и покрај сериозноста на заробените штетни програми, сепак не се работи за алатка која на новиот сопственик „ќе може да му овозможи да владее со светот“, туку пред сé, за „уметничка инсталација“ што може да се употреби и за едукативни цели.
Лаптопот Самсунг НЦ10 од 2008 година со ОС Виндоус Икс-Пе СПС, е заразен со шест високоризични вируси, коишто предизвикаа штети од 95 милијарди долари, вкупно. Станува збор за „ILOVEYOU” (2000), „MyDoom” (2004), „SoBig” (2003), „DarkTequila” (2013), „BlackEnergy” (2015) и „WannaCry” (2017).
Сопственикот го нарекол компјутерот – „Присуство на хаосот“. Се обврзал да не го поврзува заразениот лаптоп на интернет.