На улицата „Христо Смирненски“ вчера избувнал пожар во стан во кој престојувала 43-годишната В.С. Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале 31-годишната Д.В. од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Увид ќе се врши во текот на денот.