Штрајкот на наставниците ги парализира училиштата во Нов Зеланд

56

Новозеландскиот образовен состав денеска е парализиран поради големиот штрајк на наставниците кои, барајќи поголеми плати и пократко работно време, ги напуштија своите работни места само ден пред изгласување на најавениот „буџет за благосостојба“.

Според податоците на синдикатот на образование, речиси 50.000 наставници и професори се приклучија на штрајкот, најголем досега во историјата на образовниот состав на таа земја.

Штрајкот на наставниците е организиран ден пред седницата на Владата, на која ќе биде претставен т.н. „буџет за благосостојба“, кој би требало да воведе нов пристап во донесувањето на фискални одлуки врз основа на поголем број показатели, а со цел подигнување на животниот стандард во таа земја.

Досегашните преговори меѓу синдикатот на образованието и Владата околу покачувањето на платата на наставниците и мерките за растоварување застанаа на мртва точка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...