Серена Вилијамс излезе на терен и пак шокираше со својот стајлинг ФОТО

На социјалните мрежи ни овојпат не изостанале реакциите.

649

Една година откако ја изненадила јавноста со својот изглед на терен, Серена Вилијамс и оваа година го направила истото и предизвикала лавина од коментари.

Серена за првото коло на овогодишниот турнир Ролан Гарос избрала многу необичен изглед, ништо помалку интересен од минатогодишниот изглед кој претседателот на францускиот тенискиот сојуз го забранил затоа што бил оценет како за непристоен.

Суперѕвездата на белиот спорт и „сопственичка“ на 23 Грен слема на теренот изглегла со облека која за неа ја дизајнирала една спортска дизајнерска куќа.

Фустан со зборовите „мајка, шампионка, кралица“ на француски јазик во скратено издание, носела на теренот во натпреварот против Виталија Диатченко, која ја победила.

На социјалните мрежи ни овојпат не изостанале реакциите.
Фановите на тенисерката ѝ дале поддршка и комплименти за нејзината комбинација која ја носела на терен.

Но, имало и такви кои коментирале дека Серена била облечена како зебра па затоа некои се прашуваат дали ова е добро или лошо.

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...