Педесет и тригодишна Србинка доживеала вистинска тортура откако отишла на состанок во Дубаи со Нигериец кој го запознала на социјална мрежа, пренесуваат српските медиуми.
Откако се запознале преку платформата за запознавање Баду, двајцата се договориле да се најдат во кафуле. Жената рекла дека човекот со нож ја натерал да влезе во такси и ја однел во неговиот апартман.
– Ми ги зеде пасошот, мобилниот, обувките и облеката. Ја заклучи вратата и ме силуваше околу 20 пати – кажала таа.
Со истрага полицијата дошла до снимки од надзорни камери, каде се гледало дека таа го следи мажот на влезот во зградата. Но, на нив не се гледа оружје.
– Физички ме нападна и не ми даваше да јадам и пијам. Ми се закануваше и ме тераше да јадам храна за кучиња – додала таа.
Јавниот обвинител на Дубаи рекол дека обвинетиот извршил слично злосторство над девојка во Украина и дека тој судски процес е во тек, пренесува „ГулфЊуз“.