Животот лани го загубиле 34 пешаци, пет велосипедисти и седум мотоциклисти

90

„Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот!“ е новата пролетна едукативна кампања за одговорно учество во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Кампањата ќе се реализира во четири тематски фази и ќе биде насочена најпрво кон едукација на возачите, а потоа и кон подигнување на сообраќајната свест за безбедно учество во сообраќајот на пешаците, мотициклистите и велосипедистите – категории ранливи учесници во сообраќајот. Во неа, освен едукација преку социјалните и електронските медиумите, ќе се организираат и јавни настани, преку кои учесниците во сообраќајот ќе се запознаат со опасностите со кои се соочуваат во сообраќајот и ќе добијат совети како истите да ги надминат.

– Намалување на бројот на загинати – пешаци, велосипедисти и мотицклисти е цел поставена во Втората национална стратегија за унапредување на безбедност на сообраќајот на патиштата. Оваа цел, сама по себе, претставува јасен предизвик не само за РСБСП, туку и за сите останати надлежни институции за подигање на безбедноста во сообраќајот на ниво достојно секој поединец слободно и без страв да учествува во сообраќајот. Во таа насока, РСБСП, неколку години по ред, реализира вакви или слични едукативни активности, велат од РСБСП.

Во 2017 година, на патиштата во Република Македонија, животот го загубиле 34 пешаци, пет велосипедисти и седум мотоциклисти. Бројот на загинати велосипедисти и мотоцклисти е намален за 50 проценти во споредба со 2016 година, а бројот на загинати пешаци е ист. Согласно овие показатели, минатата година ранливите категории учесници во сообраќајот, таргет на оваа кампања, учествувале со околу 30 отсто од вкупниот број жртви на патиштата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...