ЕК утре ќе го објави извештајот за Македонија

1236

Европската комисија, се очекува утре да го објави извештајот за напредокот на земјава.

Еврокомесарот Јоханес Хан на вонредниот состанок пред надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент ќе го претстави и пакетот за проширување на Европската Унија.

Евроамбасадорот Жбогар порача дека земјата е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации, но сепак останува на земјите,членки да одлучат.

Одлуката за добивање датум се очекува Советот на министрите на ЕУ да ја донесе во јуни, или во јули, на почетокот на финското претседателство со ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...