Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека Кристијано Роналдо е најголемиот играч со кој тој потпишал, како и дека е одличен професионалец кој никогаш не предизвикал проблеми.
– Мислам дека сакаше нови предизвици и го искористи моментот да ги побара. Кристијано никогаш не предизвика проблеми. Тој е најголемиот играч што некогаш сум го привлекол во тимот, а мојата врска со него отсекогаш била одлична. Ние немавме проблемивооднос на парите – рече Флорентино Перез пред „Онда Черо“.
Тој додаде дека не се вистинити гласините дека тој заминал од Реал поради проблемите со даночните служби.
– Кристијано сакаше промена и да го подобри неговиот договор, па така го најде Јувентус и сите беа среќни. Тешко е да се најде замена на некој како Роналдо, но ние имаме добри играчи. Сепак, не мислам дека тоа беше нашиот проблем оваа сезона, додаде шефот на „белите“.
ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO