Милан избира меѓу тројца за нов тренер

316
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

Милан ќе биде следниот тим во Италија, кој ќе претрпи промени на тренерската позиција. Денес Џенаро Гатузо призна дека го напушта клубот откако ги презеде „росонерите“ во ноември 2017 година.

Заминувањето на Рино од функцијата ќе го принуди менаџментот на клубот внимателно да размисли на кого да се довери за следната сезона. А кандидати не неодстасуваат. Политиката на Милан ќе биде насочена кон наметнување на млади фудбалери, на кои ќе им биде потребен добар „учител“.

Кандидати за тренер на Милан се Еузебио ди Франческо, Леонардо Жардим и Марко Џампаоло.

Франческо е без екипа откако беше отпуштен од Рома во текот на сезоната.
Назначувањето на Жардим, кој во моментов работи во Монако, не изгледа воопшто невозможно.

Потенцијалното пристигнување во клубот на Луис Кампос од Лил на директорската позиција може да биде огромен плус за „росонерите“, кои ќе се насочат кон странец за тренерскиот пост, откако за последен пат Синиша Михајловиќ говоди тимот во сезоната 2015/16.

Џампаоло пак е сакан од Милан поради добрата работа на чело на Сампдорија.

ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...