Нефа мебел заглави 45.000 евра и извиси 70 скопјани

1029

Вкупниот износ на неиспорачани нарачки од Нефа мебел во земјава стаса до 45.000 евра, а само во Скопје пристигнати се околу 70 претставки од купувачи.

Пазарната инспекција ги повикуваат сите засегнати граѓани да пријават во инспекторатот, дури и ако, според договорот, сè уште не истекол рокот за испорака, за да имаат увид за сите оштетени граѓани.

Според директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, износот не е толку голем за компанијата да не може да ги обештети купувачите.

Пазарната инспекција најавува дека ќе им достави записници на потрошувачите, кои го пријавиле својот случај, што ќе им користи за евентуална судска постапка.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека службите ќе дејствуваат веднаш откако ќе ја комплетираат документацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...