Државната антикорупциска комисија покрај досегашните прекршочни пријави поднела две иницијативи за кривична одговорност за двајца функционери за непотизам и тоа за актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за злоупотреби при вработување на нивни роднини.
Панчевски го вработил својот внук додека бил претседател на Судот, и покрај тоа што тој не бил на листата на пријавени кандидати.
Од февруари Комисијата отворила 276 предмети, а од нив 28 се затворени.