Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека големата германска коалиција го поддржува изборот на „водечки кандидат“ на неодамна завршените европски избори на местото претседател на Европската комисија.
Меркел, пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, ја потврди својата поддршка за Манфред Вебер, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), за прв човек на Комисијата.
Германската канцеларка нагласи дека тоа е првата и општа размена на мислења за назначувањата за водечки позиции во ЕУ.
Меркел рече дека има доволно време до јунскиот самит на ЕУ за тоа да се разговара.
Португалскиот премиер Антонио Коста смета дека следниот претседател на Европската комисија треба да биде социјалистот Франс Тимерманс, наместо кандидатот на Европската народна партија, Манфред Вебер.
Коста во интервју за португалската телевизија СИК Нотисијас рече дека не постојат услови под кои Вебер треба да стане претседател на ЕК.
Тој тврди дека германскиот политичар „создава непријателства“ во Европскиот парламент, додека во Европскиот совет „речиси целосно го отфрлаат“.
Од друга страна, како што наведе, Тимерманс има неколку квалитети кои му помагаат да биде кандидат на консензусот“
Photo: EPA / RONALD WITTEK