Турчин продавал фалсификувани чевли „Левис“

389

Единица за економски и компјутерски криминал, поднела до скопското обвинителство  кривична пријава против четириесетгодишниот M.Ч. од Република Турција, кој живее во Скопје за кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, соопшти МВР.

Пријавениот М.Ч. во текот на 2018 година склучил договор за користење под закуп на подрумски простории во куќа на ул. Антон Попов за потребите на неговото правно лице, кое се занимава со дистрибуција и продажба на електрични материјали. Но, тој  во просториите складирал и 184 пара фалсификувани чевли од марката „Левис“, без да има договор со овластен застапник на оваа заштитена марка на територијата на РСМ, стои во соопштението.

Чевлите биле пронајдени при претрес во изнајмените простории, извршен врз основа на судска наредба. При претресот, исто така, биле пронајдени и други 1392 парчиња украдени чевли од магацин за чевли во Скопје. Сите пронајдени предмети биле одземени од пријавениот и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...