Жена од Росоман го пријавила сопругот дека дома чува бомба

192
Росоманчанец пет години чувал бомба во куќа на неговата сопруга. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој информира дека вчера во ПС ОН Кавадарци жена од Росоман пријавила дека во нејзината куќа нејзиниот сопруг околу пет години чува бомба
– Полициски службеници од ПС Кавадарци излегле на лице место и во една од собите во куќата на пријавителката е пронајдена експлозивната направа. Бомбата е одземена и предадена за ништење на службите од Дирекцијата за заштита и спасување, нагласува Додевски. 
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...