Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп од 1000 евра

306

Кавадаречкото обвинителство поднесе обвининие против даночна инспекторка за примање поткуп, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1.000 евра за да не сочини записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице. Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите што ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице  ќе треба да платат парична казна од многу повисок  износ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...