Во напад кој го извршиле авиони на сирискиот претседател Башар ал Асад вчера во Идлиб загинале 17 лица, а повредени се 35 цивили.
Според локални извори, силите на Асад и групите кои го поддржуваат Иран извршиле воздушни и копнени напади на перифериите на Идлиб и Хама.
Припадници на Цивилната заштита (Бели шлемови) соопштија дека во нападите загинале најмалку 17 цивили, а 35 се повредени. Тие изразија стравување дека бројот на жртви може да се зголеми.
Идлиб е најголемата енклава под контрола на опозицијата во Сирија.