Во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов” Р.В.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица” со скопски регистарски ознаки удрил во пешак М.Е.(61) од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош повредената М.Е. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.