Младиот италијански фудбалер кој има само 14 години, направил нешто што ќе го следи целиот живот, а веќе наголемо пишуваат медиумите ширум светот.
Тој среде натпревар ги соблекол гаќите и барал од судијката „орално да го задоволи или да го исфрли од играта“.
Џулија Никастро била на центарот на теренот кога ги слушнала одвратните зборови од малолетното момче на кого не му го откриле идентитетот, а за да биде работата уште полоша, nезадоволни од судењето на Џулија, први со навреди почнале родителите на фудбалерите на Трепорти.
Од трибините извикувале да се занимава со „најстариот занает на светот наместо да дува во свирчето“.
Целиот случај и понатаму се истражува и се очекуваат огромни казни за момчето, но и за клубот, додека Џулија побарала помош од психолог.
– Нашиот играч го изгуби разумот, веќе му се извинивме на организаторот на турнирот, а истото ќе го направиме и со судијката со која се обидуваме да стапиме во контакт – рекле од клубот.
FOTO: Instagram/Printskrin