Како да постапите ако некој покрај вас доживува инфаркт?

Прво утврдете дека лицето е без свест. Потоа констатирајте дека не дише и дека нема пулс.

1809

Замислите како стоите беспомошно додека некој умира пред вашите очи? Статистиката вели дека околу 60 отсто од срцевите удари, кои резултираат со срцев застој, се случуваат во присуство на некое лице, кое доколку знаело да му пружи прва помош, би можело да ја спаси жртвата.

Околу две третини од смртните случаи предизвикани од срцев застој, се случуваат пред жртвата да пристигне во болница.

Чекори при спасување на жртвата: постојат три работи кои треба да ги имате на ум:

– Отворање на дишниот пат (поткренете ја долната вилица, главата нека биде потпрена на тилот и брадата крената).
– Дишење (кога дишните патишта се отворени, со два прста од другата рака стиснете ги ноздрите на жртвата и дувајте сѐ додека градите на се поткренат Почекајте една секунда, дозволете градите да се спуштат, па повторете).
– Компресии на градите (поставете ја дланката на едната рака во центарот на градите, а потоа поставете ја другата рака врз неа и испреплетете ги прстите).

Прво утврдете дека лицето е без свест. Потоа констатирајте дека не дише и дека нема пулс (со допир на каротидната артерија на која било страна од вратот). Веднаш повикајте итна помош или замолете некој друг да го стори тоа.

Поставете ја жртвата на грб и започнете со давање прва помош според горенаведениот редослед. По четири комплексни циклуси на давање воздух и компресии, повторно проверете го пулсот, и доколку е присутен, проверете го дишењето. Ако има пулс, но не постои спонтано дишење, продолжете со обидите за воспоставување на дишење, со постојана контрола на пулсот – ако и двете се присутни, оживувањето може да престане, но пулсот и дишењето мора често да се контролираат, бидејќи срцето на жртвата може повторно да запре.

Во повеќето случаи потребното времеза пристигнување на возилото на итна помош е 10 до 20 минути. Без давање прва помош за оживување нема надеж за преживување. Мозокот почнува да умира четири минути откако ќе запре циркулацијата, а по 10 минути, дури и ако жртвата биде оживеана, ќе има значајно оштетување на мозокот.

Нема потреба да се грижите дали реанимацијата ја спроведувате според правилата. Секое оживување е подобро од никакво. Ако треба изберете помеѓу повредите предизвикани од несоодветно давање прва помош, како што е, на пример, скршено ребро, оштетени бели дробови, и губење на живот – вистинскиот избор е очигледен.

Вреди дури и само да го отворите дишниот пат со зафрлување на челото наназад за да може да се поткрене вилицата додека жртвата лежи на грбот. Дури и самиот притисок врз градите, исто така, помага. Кога возрасна личност ќе колабира со срцев застој кислородот присутен во крвта е достапен само три до четири минути – и ако тој кислород циркулира во телото со помош на компресија на градите додека не пристигне помошта, и тоа може да биде доволно за да ја спасите личноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...