Првпат снимена албино панда во дивината ВИДЕО

Фотографијата е снимена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на морето во југозападната кинеска покраина Сичуан

398

Во кинескиот Национален природен резерват Волонг е снимена потполно албино панда, објавија од резерватот.

Фотографијата е снимена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на морето во југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда е снимена додека талкала низ една шума со бамбуси, пренесува ССТВ.

– Судејќи по спимките, пандата е албино и е стара помеѓу една и две години – рекол Ли Шенг, истражувач од Универзитетот во Пекинг и стручњак за мечки.

Тој подоцна за Си-ен-ен открил и дека ова е првпат ваква панда да е снимена во дивина.

– Ова целосно бела панда е реткост меѓу дивите панди. Ова покажува дека гените на албинизмот постојат во дивата популација на големите панди во Волонг – додал и заклучил:

„Пандата изгледа силно и чекори стабилно, што е знак дека генетската мутација можеби и не го отежнала премногу животот на ова животно.“

Резерватот сега планира да постави уште камери за да го следи развојот на оваа панда и интеракцијата со другите панди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...