Заедно со другарите потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера централниот одбор ги прифати, изјави скопскиот градоначакник и довчерашен потпретседател на СДСМ за реконстуркцијата во партијата.
На новинарско прашање дали размислува за оставка на функцијата градоначаник, тој рече:
– Прво, би сакал да ги разликуваме термините разрешен, сменет и дадена оставка, јас заедно со другите другари потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера централниот одбор ги прифати. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера истакнав дека наша задача како луѓе и победата која што ја имавме на претседателските избори да креираме внатре партиски политики што ќе верификуваат таква победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ДПМНЕ во изминатите 15 години. Трето, оставка даваат луѓе со интегритет. Политички интегритет покажавме сите ние кои што и ја дадовме таа оставка, затоа што во политиката ништо не е вечно, како дојдовме, така е и логично во еден даден момент да си одиме. Четврто, ако добро ги следите, а би сакал добро да ги следите политиките што ги креирав и стратегиите што ги креирав во изминатата една и пол година како градоначалник за нашиот град, ќе видите и ќе знаете, така што креирањето на тие политики, реализцатијата на тие политики се нешта што допрва следуваат.