Се реконструира Димитрија Чуповски, Градот апелира на трпение

656

Започнува да се работи една целосна реконструкција на улица Димитрија Чуповски и на мостот Гоце Делчев. Ова денеска го изјави градоначалникот Петре Шилегов и додаде дека градежната сезона е отворена.

– Централни места каде што работи Градот се неопходни, долги години структурата не била зафаќана, очекувам дека имајќи ја во предвид природата на работите, со улицата Димитрија Чуповски ќе завршиме многу бргу, а самиот мост, заради техниката на работите, во текот на летото би требало целосно да е завршен – соопшти Шилегов.

Тој додаде дека граѓаните ќе имаат можност да видат како се реконструира на главните градски улици.

– Свесен сум дека настанува малку метеж, замолувам за трпение бидејќи по извесно време, граѓаните ќе имаат целосно обновена инфраструктура во нашиот град – нагласи Шилегов.

Што се однесува за првата реконструкција, се работи од Палома Бјанка до булеварот Климент Охридски. Градоначалникот очекува за 20-тина дена таму во целост да биде завршено. Тој рече дека на мостот Гоце Делчев се вршиме реконструкција која не е вршена повеќе од 15 години.

– Мораме да се однесуваме одговорно и со целосно внимание кон мостовите, ваквиот тип на освежување на мостовите се неопходни за нивното тековно одржување – рече Шилегов, нагласувајќи дека не се доцни со проектите 2018-2019 година.

Тој додаде оти Градот во овој момент работи на три булевари.

– Булеварот АСНОМ, булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош. Очекувам дека сите три некаде до крајот на годинава ќе бидат готови. Кога дојдов јас за градоначалник во Градот немаше ни еден документ за имплементација, тоа што го работевме во текот на минатата година беше изработка на квалитетна градежна документација, со цел да можеме да влеземе во имплементација на тоа за тоа што зборував со граѓаните – додаде Шилегов.

Околу тендерот за тунелите под Кале, информираше дека постапката е завршена.

– Ги чекаме роковите за евентуална жалба од понудувачите. Со гордост можам да кажам дека градот Скопје годинава ќе добие проект за тунелите под Кале, нешто што постои во генералните урбанистички планови од 1965 година, но за жал никој во минатото немал изработено ни едно документче кога е тој проект во прашање. Убеден сум дека во текот на идната година, а согласно со ветувањата што ги имаме добиено од Владата, за финансирање на тој проект, Градот ќе врши постапка за јавна набавка. Турска корпорација ќе проектира заедно со македонска фирма и градежен факултет, се избрани за проектирање – соопшти градоначалникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...