За крајот на училишната година на 9-ти Јуни, скопската Зоолошка приредува забава.
Посетителите во Зоолошка градина во 13 часот ќе може да се дружат и забавуваат со Стефонатор, Јутјуб милениците на најмладите, а специјални гости ќе бидат светските и европски шампиони во хип хоп, Денсерс Јунајтед.
Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.
За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.