Земјотрес во Пехчево и Берово

461

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутрина во 3,51 минута во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево.

Земјотресот е регистриран од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...