Хрват до смрт го претепал двегодишниот син, бидејќи не можел да спие ФОТО

Кога полицијата го пронашла телото на двегодишното дете, тоа било цело во модринки, а на главата имало видлива рана, а нозете му биле во завои.

963

Ализ Хрустиќ (25) на смрт го претепал својот двегодишен син. Признал дека своето дете го тепал додека не починал во станот во Милано и дека тоа го направил во момент на бес и под дејство на дрога, пишува „Курир.рс“.

Кога полицијата го пронашла телото на двегодишното дете, тоа било цело во модринки, а на главата имало видлива рана, а нозете му биле во завои.

Родителите повикале итна помош околу 5 часот наутро, бидејќи детето не можело да дише, но лекарите можеле само да констатираат смрт и да повикаат полиција. Хрустиќ побегнал со двете ќерки, но полицијата набрзо го уапсила.

Полицијата го привела таткото, а според судијата Валерио Натале, ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото врз другите деца. Неделава треба да почне обдукцијата на бебето, за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.

Бебето имало траги од врзување, а било утврдено дека мајката му ставала газа на табаните, зашто таткото без никаква причина му ги горел со запалка. Повредите од запалените стапала сигурно го болеле детенцето, па плачело.

Токму тоа го изнервирало таткото и почнал да го тепа до смрт. Претходно, за да се смири консумирал хашиш.

– Вистина е дека го претепав до смрт. Но, верувајте не сакав да го убијам. Испушив хашиш, а бидејќи и потоа не можев да заспијам, станав и го удрив. Кога видов дека не дише, не помислив дека сум го убил – изјави таткото пред државните обвинители во Милано.

Освен ова бебе, тој и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на тригодишна возраст и едно девојче од една година.

Во Хрватска живее нивниот најстар син. Децата ги презема Центарот за социјални работи.

Силвија (23), мајка на трагично починатото дете, инаку бремена со петтото дете, го обвинила партнерот за смртта на синот, пишува „Јутарњи.хр“.

Aliza

 

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...