Заев во посета на Словенија

207
Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.
За време на посетата премиерот Заев ќе оствари средби со неговиот колега, премиерот на Словенија Марјан Шарец, со претседателот на Државниот збор на Словенија Дејан Жидан, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. 
Според програмата за време на посетата на Словенија ќе се одржи и Бизнис форум за делегации на стопанските комори на двете земји.

Премиерот Заев, ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министеркатa без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...