Ќе има силна контрола, ќе бараме отчет од сите функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците од локалните самоуправи, и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма. На секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика и до каде е самата реализација, изјави вечерва новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако заврши Централниот одбор на партијата, на кој нему му беше доверена една од највисоките партиски функции – генерален секретар, а од која е разрешен Александар Кирацовски.
Николовски најави дека ќе работи заедно со новото раководство кое ќе биде избрано во наредниот период, но ќе дека црпи искуство и од работата на досегашните функционери.